Нови владини проекти за ИТ компаниите

Bez autora
Mar 11 2015

Домашните ИТ компании ќе бидат вклучени во новите владини проекти за развој на информатичкото општество. Ќе можат да креираат електронски услуги за граѓаните од институциите, со ИПА финансии, како и софтвер за најавените 300.000 таблети за образованието. Пред членките на ИКТ комората при Сојузот на стопански комори на Македонија денеска плановите ги претставија министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски и неговата заменичка Марта Арсовска Томовска. Целта е компаните да се подготват навреме и да можат да аплицираат. Ивановски се надева дека бизнис заедницата ќе се вклучи во развивање софтвер за набавка на 300.000 таблети за образованието, за кои постапката треба да почне во август.

Нови владини проекти за ИТ компаниитеДомашните ИТ компании ќе бидат вклучени во новите владини проекти за развој на информатичкото општество. Ќе можат да креираат електронски услуги за граѓаните од институциите, со ИПА финансии, како и софтвер за најавените 300.000 таблети за образованието.

Пред членките на ИКТ комората при Сојузот на стопански комори на Македонија денеска плановите ги претставија министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски и неговата заменичка Марта Арсовска Томовска. Целта е компаните да се подготват навреме и да можат да аплицираат.

Ивановски се надева дека бизнис заедницата ќе се вклучи во развивање софтвер за набавка на 300.000 таблети за образованието, за кои постапката треба да почне во август. "Проектот моментно е во анализа и се дизајнира целиот еко систем којшто ќе биде направен за овие таблети. Моментно буџетската рамка се уште не е утврдена бидејќи нема да стане збор само за хардвер, туку и развој на софтвер во чие развивање се надеваме македонските компании да се вклучат активно, обуки за наставниот кадар, како и потребна опрема од аспект на модернизирање на самите училишта. Техничката документација би требало да заврши до јуни и постапката да почне на крајот на август", информира Ивановски.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik